Во Македонија во тек се подготовките за еден од најексклузивните настани. Асоцијација на менаџери на Македонија со проф.д-р Сем Вакнин, го организира првиот тренинг во светот за бихејвиористички техники на продажбата.Тренингот ќе се одржи во Скопје, на 24.11.2018 година.
Шест часа ќе бидат одделени од страна на проф. д-р. Сем Вакнин за заинтересираните да ги трансформираат техниките на продажба и своите односи со клиентите, потенцијално постигнувајќи „Експлодирање на продажбата“.
Вакнин ќе зборува за бихејвиористичка продажба и бихејвиористички техники на продажбата. Тој е еден од клучните експерти, во цел свет, кој може да даде свој осврт на оваа тема, имајќи во предвид дека е професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии).
Проф. д-р Сем Вакнин има над 20 милиони прегледи на YouTube и истиот е избран да биде член во Организациони одбори, дури во 12 најважни интернационални конференции за психологија и психијатрија. Покрај тоа има издадено неколку книги поради со кои го привлече вниманието на светот и поради кои се снимени седум документарни филмови.
Неговите интервјуа во CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times, Newsweek (Serbia), Flare, Vice, More Magazine, New-York Post, Washington Post, USA Today, UPI, NY Daily News, CNN-Oprah.com, Canadian TV, Metro Newspapers, Washington Times, Radio-Television Suisse (RTS), New Statesman, The Telegraph, MovieBETA, Oberösterreichische Nachrichten, и други, имаат оставено голем впечаток во експертската јавност, и сега Сем сржта на неговиот успех ќе ја донесе во Скопје. Повеќе за проф. д-р. Сем Вакнин има на: www.narcissistic-abuse.com.
Неговиот тренинг има неколку цели:
– на уникатен и единствен начин да им покаже на заинтересираните дека може да се надминат себеси и својата конкуренција
– да ги презентира методите преку кои се достигнува врвни способности за продажба
– учесниците да се пронајдат себе во својата работа и професија и преку тоа да го направат тоа што е најважно за клиентот
– учесниците да ги научат револуционерните техники на продажба
Настанот ќе се оддржи во Македонскиот народен театар, а за повеќе информации може да се контактира Асоцијацијата на менаџери на Македонија на [email protected].