еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Мрчаторите“ од Фејсбук не дојдоа на отворениот ден во Цементарница Усје, да видат дека фабриката не може да работи без филтрите

На отворениот ден во Цементарница Усје, која секоја сезона е на удар кога ќе почнат проблемите со загадувањето, не дојдоа „загрижените“ граѓани кои по цели денови „мрчат“ на Фејсбук за „облакот„ кој излегува од фабриката, и ја вртат одново и одново истата слика со него.

Ако дојдоа на отворениот ден, кој беше организиран баш за нив, ќе видеа дека станува збор за водена пареа, односно за чиста кондензација, за која учиме во основно училиште.

Ако дојдоа ќе видеа и слушнеа, не само од менаџментот на компанијата, туку и од надлежните институции, дека Цементарница УСЈЕ во целост ги исполнува законските услови во работењето, а емисиите од производството на цемент се во просек далеку пониски од максимално дозволените гранични вредности определени со законските прописи во областа.

И не само тоа. Ќе слушнеа и видеа дека дополнително, по повеќегодишното следење, споредбата на податоците од индикативните мерења во кругот на фабриката и оние надвор од неа, докажува дека работењето на Цементарница УСЈЕ нема корелација со измерените вредности на ПМ10 честичките во амбиенталниот воздух во непосредното соседство и во град Скопје.

И дека целокупното производство автоматски сопира, доколку поради каква било причина не функционираат инсталираните филтри.

Ако дојдоа ќе слушнеа дека Цементарница УСЈЕ уште во 2011 година доби А-интегрирана дозвола со оперативен план и е меѓу првите компании во Македонија кои во законскиот рок ги исполни сите обврски од дозволата.

И ај кај што не дојдоа, продолжија да „мрчат“ на Фејсбук.

Бидејќи од фабриката бил организиран отворен ден, се било „под контрола“, за да на граѓаните им се „прикаже“ друга слика, која немало врска со таа што „мрчаторите“ ја имаат во нивната глава.

Еве, ќе си земеме за прво, да ги повикаме сите „загрижени“ граѓани, да отидиме во Усје кога нема отворен ден за граѓаните. Ненајавено! Да ги изнедиме, па да видиме што е што.

Дали сте за или полесно и позабавно Ви е да продолжите да „мрчите“ на Фејсбук?

Фото: Титан/Усје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цементарница УСЈЕ не може да работи, ако не работат филтрите

Цементарница УСЈЕ ги отвора вратите за граѓаните за да се запознаат со работата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mаржата на огревно дрво и пелети за огрев се замрзнува на 10%

Редакција

Меѓу нив и Грција: Девет земји членки бараат Западен Балкан итно да се врати на агендата на ЕУ

Редакција

(ВИДЕО) Пејачката Глорија Гејнор со песната „Ќе преживеам“ ја шири пораката за миење на рацете

Редакција