еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Двајца поранешни директори на УБК во притвор

За само неколку дена двајца поранешни директори на Управата за безбедност и контраразознавање (УБК) завршија во притвор.

По барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за случајот „Империја“ во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка е поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради инволвираност во настаните од 27 април во македонското Собрание, триесетдневен притвор доби и неговиот наследник, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Зошто е Мијалков во притвор?

Мијалков претходно доби притвор од 30 дена за друг случај на СЈО, „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување и за уништување на опрема во УБК.

Потоа истиот му беше укинат, по што доби нов притвор од 30 дена за „Империја“ на СЈО.

Главните причини поради кои заврши во притвор се можноста за бегство и можноста за влијание врз сведоци.

Истрагата „Империја“ се води против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, лозупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во притвор за истиот случај се и Камчев, Панделевски, Јосифовиќ, Арсовска и Мирчевски.

Зошто Атанасовски е во притвор?

Како и во случајот со Мијалков и Атанасовски заврши во притвор пред се поради можноста за бегство, како и поради можноста за влијание врз сведоци.

Тој доби 30 дена притвор, поради инволвираност во настаните во Собранието од 27 април.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција посочија дека во неговиот случај постои основано сомнение дека “лицето сторило кривично дело здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик“.

Атанасовски деновиве беше посочен од дел од обвинетите од настаните од 27 април во Собранието дека преку Александар Василевски – Нинџа го организирал упадот во Парламентот, а претходно, според сведоците, дал наредба и за палење на куќите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК кој заврши во притвор

30 дена притвор за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Мијалков во притвор за „Империја“: Судот му го укина притворот за „Таргет-Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од петок се отвараат границите, а од 1. јули аеродромите без никакви ограничувања

Редакција

Министре Дураки ич да не жалите, фатете се за работа и заработете си ја платата

Редакција

(Видео) Како да се почитуваат мерките надвор: Каде и кога треба да ја носите маската кога излегувате

Редакција