еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради здравствени причини, Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Шутка” во Скопје поради здравствени причини заминува во куќен притвор.

Одлуката, како што потврдија од Апелацискиот суд Скопје ја донеле денеска. Од судот посочија дека на Зеќири му е одземен пасошот. Во однос на тоа кога Зеќири ќе биде спроведен од болница во куќен притвор, од Апелација немаат информации, бидејќи, како што велат, полицијата треба да го спроведе кога за тоа ќе има услови.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ продолжува со инвестиции: Завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Редакција

28,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Џафери не ја исклучува можноста Реџепи од Беса да остане дел од парламентарното мнозинство

Редакција