еМагазин
Image default
Македонија

МВР бара кој објавувал расистички содржини за министерката Мизрахи на „Фејсбук“

При следење на интернет содржини со цел утврдување и документирање содржини со говор на омраза, од страна на Секторот за компјутерски криминал утврден е профил со име Б.Т., кој на 06.02.2020 во 16.05 часот го објавил следниот текст: „Слушам дека Мизрахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, соопшти МВР.

„Случајот е документиран и доставено е известување до Основно Јавно Обвинителство Скопје со цел нивно запознавање со предметот и воедно издавање барање адресирано до компанијата „Facebook Inc“ да достави кориснички податоци за профилот.

По добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и член 319 – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидени во Кривичниот закон“, додаваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Во последните три дена, нови 151 случаи на Ковид-19 од 2.335 тестови

Редакција

Пендаровски од Собранието: Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака кон опозицијата

Редакција