еМагазин
Image default
Локално

МВР „ожнеа“ 70 стебла на парцела со отпад под сомнение дека е насад со марихуана

На 21.12.2020 околу 09.00 часот, при преглед на терен во близина на место викано „Негревска крстосница“ и регионален пат Берово-Делчево, на парцела прекриена со отпад, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Пехчево“ пронашле 70 исушени растенија со исушени листови и цветови, за кои постои сомнение дека се работи за насад од растението „канабис“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипи на Регионалниот центар за гранични работи Исток и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово.

По наредба на јавен обвинител, растенијата биле транспортирани до ОВР Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје: Поради превенција од коронавирусот привремен прекин на прием на странки за консултации за финансиски прашања

Редакција

Пожар во стрелиштето во охридската населба Бејбунар

Редакција

Вработените во Клинички центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот

Редакција