еМагазин
Image default
Македонија

МВР пуштило повеќе ленти на границата Табановце на барање на Стопанска комора, чии членови се вакцинираат во Ниш

Во тек е вакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Северна Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум ја реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, информираат од таму.

„Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат, да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата и економијата во борбата против пандемијата.

Благодарност до Министерството за внатрешни работи за брзото постапување по барањето на Стопанската комора за пуштање на повеќе ленти за возила на граничниот премин Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора за имунизација од Ковид-19 на претставниците од бизнис заедницата,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Како да се пријавите за вакцинација во Србија

(ФОТО) Огромна гужва на Табановце: Македонците денеска и утре во „поход“ за вакцинација во Србија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 16 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Скопје, 6

Редакција

Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Министерството за правда, се чека одговор од Министерството за финансии

Редакција

Лиле Стефанова од СЈО денеска судењето за „Титаник“

Редакција