еМагазин
Image default
Локално

МВР расчисти повеќе кражби на велосипеди

Секторот за внатрешни работи Скопје – Полициска станица Бит Пазар, по преземени мерки и активности, расчисти неколку кражби на велосипеди на територијата на Скопје, информира МВР.

„На 25.03.2021, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на И.Р.(28) од Скопје, при што биле пронајдени пет велосипеди, кои биле одземени од неговиот татко Н.Р.(52), кој бил присутен на претресот.

На 14.04.2021 било извршено препознавање на велосипедите и два биле вратени на сопствениците кои биле украдени во мај и јуни 2019 година.

По целосно документирање и расчистување на случаите ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје ем загадено, ем без јавен превоз

Редакција

Намален бројот на новозаразени од Ковид-19 во Прилеп, но смртноста не стивнува

Редакција

Ограбена бензиска пумпа во Скопје

Редакција