еМагазин
Image default
Локално

МВР: Разбиена група крадци од Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово расветли 12 „тешки кражби“ и две„тешки кражби во обид“ и до Основното јавно обвинителство Тетово вчера поднесе кривична пријава против : Б.Ќ.(28), Ш.И.(28), Џ.Г.(49) и М.К.(35), четворицата од Тетово и О.М.(28) од тетовско Џепчиште.

„Б.Ќ, Ш.И. и О.М. се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К. и Џ.К. за „прикривање“. Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7-ми до 28-ми октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари. М.К. и Џ.Г., пак, од нив ги купувале одземените производи.

Вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца Кубанци кои илегално сакале да ја преминат македонско-грчката граница

Редакција

Психичко малтретирање во Неготино: Професор натерал ученик да решава задачи на натпревар во име на синот

Редакција

43-годишен велешанец пронајден починат на паркинг во Скопје

Редакција