Вчера на Кејот на Охридското езеро беше пронајдено тело на 49-годишен маж. МВР денеска излезе со детали како се случила смртта.
„На 03.07.2020 во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на 49-годишниот С.Ј. од Охрид.
Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј., кој бил под дејство на алкохол, и околу 14:00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција,“ соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро