На 19.01.2019 година во 16.00 часот во Полициската станица Центар, М.М.(39) од Скопје, пријавила дека истиот ден во 12.30 часот на улица „Филип Втори Македонски“, додека извршувала работни задачи како новинар и се обидувала да земе изјава од лицето што го фатило крстот на вчерашната верска манифестација, била турната од непознато лице вработено во агенција за обезбедување,што ја обезбедувала манифестацијата по повод верскиот празник Водици, информира МВР.
„М.М., притоа се здобила со повреда на вратот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Фото:Канал 5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) На обележувањето на Водици во Скопје физички и вербално нападната новинарка на Канал 5
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.