еМагазин
Image default
Локално

МВР со хеликоптер спасуваше украински параглајдеристи од Галичица

На 09.07.2019 година во 15,10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М. (41) од Украина, информира МВР.

Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре зимско работно време за зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“

Редакција

Беровчанец почина откако со „Југо“ удрил во бетонски столб

Редакција

Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и три странски државјанки

Редакција