еМагазин
Image default
Локално

МВР за еден ден изрече 101 сообраќајни санкции во Гостивар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Гостивар.

„Притоа изречени се вкупно 101 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 17 за возење без возачка дозвола, а изречени се и 10 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако почина пациентка, затворени операционите сали во болницата во Прилеп, се чекаат резултати од испитувањата

Редакција

Плаќање на заостанати долгови за вода и смет без камата од четврти до 29 ноември

Редакција

Приведен “копач“ на биткоини кој крадел струја, одземени седум компјутери „мајнери“ за криптовалути

Редакција