еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба, велат од Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози на вакцини кои во Македонија треба да пристигнат како донација од Бугарија, а чиј што рок истекува на 30 септември, ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

„Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите.

Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена.

Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“. Оттаму граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање.

Министерството во оваа прилика изразува благодарност до Владата на Република Бугарија за донацијата. Апелираме граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе ни донира вакцини од „Фајзер“ чиј рок истекува на 30 септември

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невреме во Тетово поплави стотина куќи и создаде свлечиште на патот кон Скопје

Редакција

Едно лице загина во пожар во селото Отошница

Редакција

(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум

Редакција