еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 55-годишна возраст почина универзитетската професорка Татјана Петрушевска

На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска – универзитетски професор, правник.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели нејзината пријателка, пејачката Ребека.

Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Светска премиера на новиот филм за Џејмс Бонд: Војвотката од Кембриџ, Миделтон блесна на црвениот килим

Редакција

Раст од 44,3% на мобилното плаќање

Редакција

Денеска сончево и топло, од четврток промена на времето

Редакција