Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје за „Локално“, вели дека индискиот сој или Делта би можел да стане реалност кај нас на почетокот на септември.
Тој за „Локално“ ги посочува и симптомите на овој сој на Ковид-19.
-Разликата на Делта во однос на Алфа варијантата освен во поголемата преносливост е и во клиничката презентација. Листата на симптоми е следната (по редослед на зачестеност): главоболка, болно грло (и локално отечени лимфни јазли), течење на носот, температура, кашлица и многу поретко се јавува губење на сетилата за мирис и вкус.
Околу 12% од пациентите заразени со Делта варијантата во период од 3 до 4 дена развиваат тешка или критична форма на болеста, споредено со Алфа варијантата, кај која за истиот период 6% развиваат тешка форма на болеста. Тоа би значело дека бројот на хоспитализациите при евентуален бран со делта варијантата би бил удвоен, објаснува докторот.
Мехмедовиќ вели дека оваа варијантата на Ковид-19 е значително попренослива од другите видови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ