Вчера во Македонија пристигна досега најголемата пратка на вакцини против Ковид-19. Станува збор за 500 илјади дози на кинеската вакцина „Синовак“.
Колку е ефикасна?
Според податоци на Светската здравствена организација (СЗО), големо истражување во фаза 3 во Бразил покажало дека две дози од оваа вакцина, администрирани во интервал од 14 дена, имаат ефикасност од 51% против симптоматска инфекција со САРС-КoВ-2, 14 дена по приемот на втората доза.
Дали спречува инфекција и пренесување?
Во моментов нема достапни суштински податоци во врска со влијанието на вакцината за преносот на САРС-КоВ-2 вирусот што предизвикува Ковид-19 болест.
Каде се употребува?
„Синовак“ е лесна за чување и како таква е лесно достапна.
Треба да се напомене дека вакцината покажала ефикасност меѓу 50 и 90% во различни студии и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.
Се препорачува и за бремени жени и доилки
Од оваа вакцина се потребни две дози, од кои втората се прима од 14-28 дена по првото вакцинирање.
Се препорачува и за употреба кај бремени жени, кога придобивките од вакцината се поголеми од потенцијалните реизици, исто како и кај доилки и други возрасни лица.
Се препорачува за сите возрасни групи, а е одобрена од СЗО.
Се дава мускулно во рамо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ