Институтот за јавно здравје информира дека во периодот од 27.07 до 02.08.2020 регистрирани се заболени лица од корона вирусот во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 209 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (177 лица или 19,4%), 40-49 (163 лица или 17,9%) и 50-59 (162 или 17,8%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (28 или 3,1%) и 10-19 години (46 или 5%).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје, Штип и Гостивар рекордери по новозаболени од корона вирусот
Скопските општини кои имаа најмногу заболени од корона вирусот, „паднаа“ под 200 активни случаи
Починаа пет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 505
Нови 75 заболени од корона вирусот од 832 тестирања, најмногу во Скопје