еМагазин
Image default
Бизнис

Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствариле приход од 732 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави анализата “Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година“ и базата на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата.

Предмет на финансиска анализа се 30 најголеми претпријатија основани од државата и од единиците на локалната самоуправа. Станува збор за претпријатија чиишто вкупни приходи во 2019 година изнесувале 45 милијарди денари, односно 732 милиони евра.

„30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за периодот 2019 – 2015 година, остварените вкупни приходи ги зголемиле за само 2%.

Просечната стапка на профитабилност за анализираните 5 години изнесува скромни 6%, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување (6,5 %).

Средствата што ги поседуваат овие претпријатија со ваков профит би ги обновиле за 38 години, а вложениот и заработен капитал би го вратиле за 32 години. Во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал се позиционира вообичаено на 10 години.

Наплатата на побарувањата на анализираните компании претставува слаба алка на работењето и изнесува 253 дена за 5-те години, односно 205 дена за 2019 година.

Обврските ги плаќаат во уште подолги рокови, за 484 дена просечно, односно 365 дена за 2019 година. Вообичаено во бизнисот, компаниите што плаќаат со волку долги рокови се избегнуваат или им се даваат значително повисоки цени од пазарните.

Вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (88 % во просек за 5 години, односно 91 % за 2019 година).

Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4 % (за 2019 година 3 %).

Анализираните претпријатија поседуваат доволно парични средства за покривање на краткорочните обврски.

За сите претпријатија е направена и поединечна анализа“, се клучните поенти од истражувањето.

Истражувањето е достапно на opendata.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вабтек МЗТ со загуба во третото тримесечије

Редакција

Скопски пазар годинава планира да го заврши новиот деловен комплекс со покриен пазар во Драчево

Редакција

НЛБ Банка оствари добивка од 8,1 милиони евра во првите три месеци од 2021 година

Редакција