еМагазин
Image default
Локално

На ГП Богородица и Дојран за излез од државава се чека до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државава е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од Републикава, соопшти утрово АМСМ.

Иако сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат полицаец во Скопје

Редакција

Жител на Визбегово се шетал со 600 куршуми

Редакција

Нападнат полицаец пред кабаре во Охрид

Редакција