еМагазин
Image default
Македонија

На Груевски ќе му се суди во отсуство и за „Титаник“

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ не почна навреме, бидејќи доцнеше спроводот на притворените Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од истражниот затвор „Скопје”.

На поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, ќе му се суди во отсуство. Во судница се присутни останати обвинети во овој предмет на СЈО што се однесува на изборни нерегуларности.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со преслушување на снимените разговори.

Судот претходно го одби предлогот на одбраната на Груевски да му се суди во раздвоена постапка како неоснован, а за мерката притвор посочи дека ќе се произнесе кога ќе се создадат услови за тоа.

Претходно, судијата Осман Шабани констатира дека обвинетиот Никола Груевски не е достапен на органите на прогон и за тоа има писмено известување.

Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, рече дека предлогот на одбраната за раздвојување на постапката против обвинетиот Груевски не треба да биде прифатен, бидејќи нема правна основа.

Бранителот Боро Тасевски, во однос на предложената мерка притвор за Груевски, рече дека веќе има произнесување на два правни системи од две држави од ЕУ кои велат дека на обвинетиот Никола Груевски не треба да му се суди во овие постапки и наместо да се размислува за сериозноста на овие аргументи во Македонија се бараат уште најстроги мерки за судење во отсуство и мерката притвор.

Во тој контекст, судијата Осман Шабани му посочи дека за тоа веќе се имаат произнесено и расчистено на почетокот на судењето.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

МИА/Фејсбук-профил на Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Азилантот Груевски ќе ги ужива истите права како унгарските државјани

Мицкоски е за екстрадција на Груевски и го осудува неговото бегство

На азилантот Груевски за „Траекторија“ ќе му се суди во отсуство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на МЦМС: Средна оценка 2,3 од граѓаните за економските мерки и образованието

Редакција

Детален преглед: Што пишува во предлог-законот за јавни претрпијатија со кој се отвара простор за вработување на заменици-директори?

Редакција

Денеска стартува кампањата за првиот круг од претседателските избори, ќе трае до 22. април

Редакција