Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 582 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 937 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ