Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 692 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 25, Кавадарци 30, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ