Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 9 починати лица од Ковид-19: по 3 починати лица од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), 2 починати лица од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г).
Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021.
Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89-61г, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови.
Вкупниот број на починати е 7.464.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 484 оздравени од Ковид-19
Нови 490 случаи на Ковид-19 од 2.869 тестирања
Фото: МЗ