еМагазин
Image default
Македонија

Нови 46 случаи на Ковид-19 во Тиквешко, најмладиот заболен има 11 години

Здравствен работник од Кавадарци е меѓу новозаболените од Ковид-19 во Тиквешијата, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Изминатите 24 часа регистрирани се нови 46 случаи позитивни на коронавирусот во Тиквешко. Дваесет и шест во Кавадарци, 15 во Неготино, три во Росоман и два во Демир Капија. Најмладиот има 11 години, а најстариот е на 79-годишна возраст, појасни Јовановски.

Тој додаде дека се работи на утврдување на нивните контакти со цел да се изолираат.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Гевгелија и Дојран има по 3 активни случаи на Ковид-19, во Богданци 2

Редакција

Откако играше на свадба со пиштол, Владата го разреши Џеват Исени

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.129 болни од Ковид-19

Редакција