Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС, најниската просечна нето-плата во ноември е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности и истата изнесува 18.294 денари, следи Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 20.653 денари, Производство на кожа и слични производи од кожа – 21.764 денари, Производство на облека – 22.821 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење на храна – 22.884 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највисоки просечни нето-плати во ноември
Каде е исплатена највисоката просечна бруто-плата во ноември
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.