На Попова Шапка има снежна покривка од 90 сантиметри, во Маврово 21, а 11 во Крушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 54 литри на квадратен метар, во Куманово 43, Тетово 37, Битола 31, Скопје 24 литри.
Најниска температура од -2 степени изутринава е измерена на Попова Шапка, -1 Маврови Анови, во Скопје 7, а најтопло е во Гевгелија и Демир Капија со 8 степени.
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат, а во западните делови ќе има делумно намалување на облачноста.
Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.