Податоците на Државниот завод за статистика од периодот декември 2016-октомври 2019 година откриваат континуиран пораст на просечната плата.
Имено, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесувала 25.726 денари, а просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016, изнесувала 23.457 денари.
Математиката покажува дека во изминативе три години просечната плата се зголемила за 2.269 денари.
На предвремените избори за пратеници во Собранието кои се одржаа на 11 декември 2016 година, едно од главните изборни ветувања на сегашната власт беше дека просечната плата ќе се зголеми до 30.000 денари или до 500 евра.
Пресметките покажуваат дека за да се исполни ова ветување на просечната плата и недостигаат 4.274 денари или околу 69 евра.
Останува да се види дали до април, кога се закажани следните избори може да се случи чудо и да се реализира ветувањето за просечна плата од 500 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот