еМагазин
Image default
Македонија

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст.

Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека владината уредба се однесува на оние родители чии деца се до 10-годишна возраст, а кои одат на училиште.

Тоа значи дека на работа се враќаат само оние родители чии деца учат во основно училиште, но не и оние родители чии деца одат во градинка.

„Станува збор за родителите на децата од школска возраст заради тоа што сега секако школите не работат.

Останува на сила одлуката за родителите на децата кои одат во градинки кои сега не функционираат,“ рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје приведен Горан Стојков, поранешниот командант на „Лавови“

Редакција

Нема пациенти кои после прележувањето на Ковид-19 се во животозагрозувачка состојба, вели Филипче

Редакција

Двајца од новозаболените биле во изолација: Зошто расте бројот на заразени со корона вирусот во Тетово?

Редакција