Несекојдневно искуство имал пожарникар од Штип по објавувањето на списокот на лица кои одбиваат да дадат точни податоци на епидемиолозите.
Имено, на списокот има лице со име и презиме Тони Ѓеорѓиев од Штип. Со вакво име и презиме е и штипскиот пожарникар Тони Ѓеорѓиев, кој се обратил до МИА и реагирал дека од утринава мобилниот телефон постојано му ѕвони и го прашуваат во каква здравствена состојба и зошто одбил да даде точни податоци на епидемиолозите.
Тој со часови им објаснувал дека не е тој од списокот, иако има исто име и презиме.
„Во Штип знам и тоа лично најмалку три лица со име и презиме како моето, Тони Ѓеорѓиев, затоа кога ќе се објавуваат вакви списоци нека се наведе улица и број или од која фирма е лицето, а не само да се објави име и презиме, бидејќи на тој начин се нанесува штета на останатите“, вели Ѓеорѓиев.
Тој вели дека е здрав и не е еден од позитивните случаи во Штип, бидејќи е одговорен како пожарникар, а и постојано се заштитуваат неговото семејство и колегите на работното место во Територијалната противпожарна единица
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 163 случаи на Ковид-19, во Скопје 70
Новозаразените со Ковид-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции
40-годишниот Ресенчанец кој почина од корона вирусот бил спортист
Убава вест: 40 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 2.206