еМагазин
Image default
Бизнис

На што и колку пари потрошиле лани телевизиите Телма, Сител, Алфа, Алсат М и Канал 5

Во 2018 година, вкупните трошоци на петте телевизии кои емитуваат програма на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс изнесувале 1.024,88 милиони денари, се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Тие бележат минимален пад во споредба со претходната година за 0,17%.

ТВ Канал 5 потрошила 8,01% помалку во споредба со претходната година, ТВ Телма за 2,40%, а ТВ Алсат-М 0,75% помалку отколку во 2017 година. Останатите две телевизии ги зголемиле трошоците и тоа: ТВ Алфа за 5,67% и ТВ Сител за 3,47%.

И оваа година највисоки трошоци направила ТВ Сител (412,95 милиони денари, односно 40,29% од вкупните трошоци на овие пет телевизии).

Најголем дел од вкупните трошоци биле директни трошоци за создавање на програмата (66,46%), а од нив пак најмногу биле издвоени за набавка на програма (329,46 милиони денари).

За набавка на програма ТВ Сител потрошила повеќе средства отколку останатите четири телевизии заедно (179,25 милиони денари). ТВ Канал 5 набавила програма за 66,57 милиони денари, ТВ Телма за 44,88 милиомни денари, ТВ Алсат-М за 20,41 милиони денари, а најмалку средства за купување програма потрошила ТВ Алфа – 18,43 милиони денари.

Ова е единствен сегмент од телевизиската индустрија каде што најголем дел од трошоците се за купување на програма. Сите останати (телевизиите на државно ниво што емитуваат преку неограничен ресурс, регионалните и локалните телевизии) најмногу средства потрошиле за плати и други надоместоци за вработените.

Трошокот за плати и другите надоместоци за вработените директно поврзани со производство на програма претставувал 25,22% од вкупните трошоци на телевизиите.

Најмногу средства за надоместоци за вработените издвоиле ТВ Сител (72,13 милиони денари) и ТВ Алсат-М (56,66 милиони денари), а приближно исто потрошиле ТВ Телма (46,71 милиони денари) и ТВ Канал 5 (43,61 милиони денари). Најмалку за оваа намена издвоила ТВ Алфа (39,35 милиони денари)“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сител лани најгледана телевизија

Колку вработени имаат телевизиите Телма, Алсат М, Сител, Канал 5 и Алфа

Лани Телма во минус, Сител, Алсат М, Канал 5 и Алфа во плус

Колкави приходи оствариле лани телевизиите Телма, Канал 5, Сител, Алсат М и Алфа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По привремениот прекин, продолжи тргувањето со акциите на „Реплек“

Редакција

МАПАС: Вкупните средства во вториот и третиот столб со раст од 15% во 2020 година

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Браинкоде“ вреден 4,1 милиони евра

Редакција