Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Берово -3, на Попова Шапка -2 и во Дебар -1, нула во Скопје-Петровец, Битола, Претор, Охрид, Тетово, Крива Паланка, Струмица. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Маврови Анови наврна најмногу снег, 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 27, а во Крушево пет сантиметри.
Во првата половина од ноќта беше малку до умерено облачно, а изутринава е променливо облачно. Дува слаб до умерен, а во Штип засилен ветер претежно од северозападен правец, кој достигнува брзина до 60 километри на час.
Во раните претпладневни часови во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста постепено ќе се намалува и попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од од 12 до 20 степени.
Во Скопје, времето претпладне е умерено до значително облачно, а попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.