еМагазин
Да помогнеме

На Ѕвездичка која има само 1.500 грама и е потребна помош да излезе од инкубатор

Потребно е помош за малата Ѕвезда која тежи само 1.500 грама.

„Мама и тато ја крстиле Ѕвезда, бидејки после долги години дочекаа нешто силно да светне во нивниот живот. После две изгубени бебиња, после долги години патешествија, се роди ова бебуле! Заради околностите, родено е прерано и тежи само 1.500 грама…

Телото на мајката било веќе изнемоштено, за да ја издржи бременоста до крај. Иако фондот го покрива ова лекување, овој пат родителите се решиле за приватна болница сакајќи го најдоброто за своето чедо.

Сега ја имаме малечката палчица, но таа мора да остане во инкубатор. Мама седи до неа секој ден, ја чува, му се моли на бога, а денес ќе ве моли и сите вас, да и помогнеме и да ја потпораснеме Ѕвезда заедно!

Среќата на ова семејство сега останува на нас, ајде сите заедно да помогнеме палчица да порасне и да си оди домче, кај мама и тато“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Донациски броеви:

143-112 Tелеком

143-479 Вип

Потребни се 267.000 денари!!!

Ајде дечки, уште еднаш сме потребни , овој пат на една Ѕвездичка!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Да им ја изградиме трошната куќа на Драги и баба Аница, пред претстојната зима

Редакција

Потребни се средства за 18-годишниот Јане кој по тешки повреди на ‘рбетот на плажа во Грција, се лекува во Солун

Редакција

„Со срце за Цобе“: Повик за спас на живот, на Цобе му е потребна нашата помош

Редакција