Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 12 до 18. октомври покажуваат дека најмногу од новозаразените со Ковид-19 во Македонија се на возраст од 30 до 39 години.
„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=559, 20,9%).
Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=522; 19,5%), 20-29 (n=470; 17,6%), над 60 (n=469; 17,5%) и 50-59 (n=443; 16,6%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=79; 3,0%) и 10-19 години (n=134; 5,0%)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела бројот на починати од Ковид-19 во Македонија зголемен за 58,1%
Зголемување за 19,3%: За една недела 2.676 нови случаи на Ковид-19 во Македонија
Фото: МЗ