Вчера во Македонија беа регистрирани 23 нови заразени со корона вирусот.
“Тестирани се вкупно 702 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Од вкупниот број на тестирани, 365 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје, Велес и Кочани) без регистрирани позитивни случаи. Од таргетираниот скрининг 38 тестови се направени во домови за стари лица во Скопје, сите негативни.
Регистрирани се вкупно 23 нови позитивни лица.
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најголем дел од нив по 6 случаи во возрасните групи од 40-49 и 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 10 од женски и 13 од машки пол.
Регистрирани се 5 хоспитализирани лица. Кај 9 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 8 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 257 здравствени работници во Македонија заразени со корона вирусот, оздравени 236
Фото: Факултет за ветеринарна медицина/табела: ИЈЗ