еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Највредниот договор за јавна набавка без оглас лани го добила бугарската фирма Actael N Ltd

Гледано на ниво на институции, најголема вредност на склучени договори без објавување оглас од листата на државни институции во 2022 година, како и во претходната година, ја има АД Електрани, со 23 договори во вредност од 21 милион евра, стои во Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година од страна на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

-На второ место е Министерството за образование и наука, со 16 договори во вредност од 3,2 милиони евра и на трето е Министерството за внатрешни работи, со склучени 10 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вкупна вредност од 1,4 милиони евра.

Сите останати институции потрошиле 6,7 милиони евра и имаат удел од 21%, посочуваат од ЦГК.

Од 10-те најголеми договори, дури осум се на АД Електрани, со тоа што најголемиот, во вредност од 6,4 милиони евра, е склучен со фирмата Actael N Ltd од Софија, Бугарија, за набавка на блок трансформатор за ПЕ Термоелектрани, РЕК Битола, велат од ЦГК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

ЦГК: Договори за јавни набавки вредни над 400 милиони евра лани склучени во постапки со само една понуда

Фото: ЕСМ/илустрација: ЦГК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 163 случаи на заболени од корона вирусот од 1.636 тестирања, најголем број во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Вториот и третиот пензиски столб продолжуваат да растат и во услови на Ковид криза

Редакција

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

Редакција