еМагазин
Image default
Локално

Началникот на СВР Струмица испукал куршум во својата канцеларија

Началникот на СВР-Струмица, Васил Тодоров, пред два дена, додека бил на работа во својата канцеларија, од службениот пиштол испукал еден куршум, кој завршил во подот. Информацијата за МИА ја потврди портпаралот на МВР, Тони Ангеловски.

– На 20 јули во 14:30 часот во својата работна канцеларија, началникот на СВР Струмица, В.Т., додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот тој бил сам во канцеларијата. Нема повредени лица, изјави портпаролот Ангеловски.

Додаде дека е известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството не споделува детали: Приведен скопјанец поврзан со двојното убиство во „Шиша бар“?

Редакција

Поголемиот број од вработените во Комунална хигена кои штрајкуваа не доаѓале на работа, а “штрајкувале“ и невработени во претпријатието, откри Мазнева

Редакција

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трката „Халк Еко Скопје трча 10К“

Редакција