Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски денеска информираше дека започна вакцинацијата против сезонски грип и истата се одвива во најдобар ред.
-Ги следиме препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти, посочи Петличковски.
Обезбедени се 60 илјади дози од четиритипната вакцина.
-Во моментот на северната хемисфера доминира инфлуенца тип А. Очекуваме вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти. Засега има добар одзив, веќе над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат, истакна Петличковски.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.