еМагазин
Image default
Бизнис

Награда од 1.000 евра месечно за неизвршните членови на Одборот на директори на „Окта“

Собранието на акционери на „Окта“ АД – Скопје на својата 30-та седница на Годишното Собрание закажана на ден 02.06.2020 година да донесе одлука за определување на награда на неизвршните членови на Одборот на директори, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Неизвршните и неизвршните и независни членови на Одборот на директори имаат право на награда, во форма на месечен паушал, во нето износ од 1.000 евра за секој месец од нивниот мандат, без оглед на бројот на состаноци на кои присуствувале или дали воопшто присуствувале на состанок на Одборот на директори во соодветниот месец.

Неизвршните и неизвршните и независни членови на Одборот на директори имаат право на пропорционален цел од наградата согласно став 1 од овој член и за периоди кои не сочинуваат полн месец (на почетокот и крајот на нивниот мандат, во случај на промена на нивното својство од неизвршен во извршен член и обратно, итн.), доколку во текот на таквиот месец не се одржал ниту еден состанок на Одборот на директори, но доколку еден или повеќе состаноци се одржале во соодветниот месец, со учество на членот на Одборот на директори, ќе биде исплатен полниот износ, без оглед на бројот на денови во кои во таквиот месец бил на функција.

Неизвршните и неизвршните и независни членови на Одборот на директори имаат право на надомест на патните трошоци и трошоците за сместување поврзани со вршењето на нивната функција, како и на други надоместоци, трошоци и поволности утврдени со закон, со Статутот на друштвото или со некој правилник“, пишува во предлог-одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи промени во Одборот на директори на „Окта“

„Окта“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 146 денари по акција

„Окта“ ја тужи Царинската управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција

„Макошпед“ оствари добивка од 9,9 милиони денари

Редакција

Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Редакција