еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Наградна игра на НЛБ Банка: „Со мКлик најава до СМАРТ награда“

Од денеска, 16-ти октомври НЛБ Банка започнува наградна игра во сегментот на мобилното банкарство за физички лица, повикувајќи ги сите постојни, но и нови корисници на НЛБ мКлик мобилно банкарство да земат учество и да станат потенцијални добитници на вредни награди, информираат од таму.

Право на учество во наградната игра имаат сите постојни и нови корисници кои во промотивниот период од 16-ти октомври до 15-ти декември ќе jа активираат НЛБ мКлик мобилната апликација.

Сè што треба да направат за време на промотивниот период е најмалку еднаш да се најават, односно да се логираат со својата лозинка на НЛБ мКлик мобилната апликација.

Во наградната игра под слоганот „Со мКлик најава до СМАРТ награда“ НЛБ Банка ќе награди 104 клиенти со вредни награди. Секој работен ден НЛБ Банка ќе доделува по два СМАРТ часовника или вкупно 86, а секоја среда ќе доделува по два СМАРТ телефони, односно вкупно 18 за целото времетраење на наградната игра.

Детали за Правилата за наградната игра „Со мКлик најава до СМАРТ награда“ се достапни на веб страницата на НЛБ Банка (www.nlb.mk) на која воедно, секој работен ден по извлекувањето на дневните и неделните награди, ќе биде објавен списокот на добитниците.

Наградите ќе може да се подигнуваат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во дирекцијата на НЛБ Банка на Ул. Водњанска бр.1, 1000 Скопје.

Дополнителна придобивка за новите корисници на мКлик мобилното банкарство е и актуелната промоција на НЛБ Банка која се однесува на сите нови активации на мКлик до крајот на годината за кои корисниците добиваат 3 месеци бесплатен НЛБ мКлик Стандард пакет со право на плаќање.

Зошто НЛБ мКлик?

НЛБ мКлик – мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата заштедувате време и финансиски средства и не зависите од работното време на експозитурите на Банката. Со апликацијата можете да ги извршувате сите банкарски услуги 24 часа, 7 дена во неделата  од било кое место, а дополнителен бенефит се пониските провизии за електронски налози во однос на налозите извршени во експозитура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте можност за нов велосипед

Редакција

Донација од 30.000 евра за санација на последиците од невремето во Словенија

Редакција

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот Хјундаи Тусон освоен на инстант лоз на Државна лотарија

Редакција