Според податоците на Државниот завод за статистика во ноември 2019 година се издадени 243 одобренија за градење, што е за 16.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.469.671.000 денари, што е за 16.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (59.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 28 (11.5 %) за објекти од нискоградба и 70 (28.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 243 објекти, на 160 (65.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 (34.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 786 станови, со вкупна корисна површина од 54.775 м2.