еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Намален бројот на работниците во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 5.1%.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 0.8 %, во секторот преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај енергијата за 1.3 %, интермедијарните производи, освен енергија за 6.2 %, капиталните производи за 6.1 %, трајните производи за широка потрошувачка за 6.7 % и нетрајните производи за широка потрошувачка за 4.6 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година е намален за 4.7%.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ за цената на струјата за домаќинствата

Редакција

Инфлацијата во февруари 16,7%

Редакција

Ако поскапи водата за пиење, нема државна поддршка за комуналните претпријатија

Редакција