еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите

Народната банка објави дека е намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основa, при што во јули таа изнесува 4,33 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити е задржана стабилна, на ниво од 0,67 проценти.

Во јули 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,06 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,33 проценти, во услови на забележан годишен пад од 0,17 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити трет месец по ред се задржа на истото ниво и изнесува 0,67 проценти, додека на годишна основа е намалена за 0,16 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити  изнесува 4,01 процент во јули и оствари месечен и годишен раст од 0,02  процентни поени и 0,39 процентни поени, соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е намалена за 0,13 процентни поени на месечно ниво и изнесува 0,84 проценти, додека на годишно ниво оствари раст за 0,33 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,08 проценти во јули и е зголемена за 0,04 проценти во споредба со претходниот месец. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,07 п.п.), како и на минималниот раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,01  процентен поен, соодветно). Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,22 процентни поени.

Во јули, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,53 проценти и на месечна основа е зголемена за 0,09 процентни поени. Нагорната промена е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на кредитите во денари со валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,13 процентни поени соодветно), како и каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула (за 0,07 процентни поени). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,08 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи намалување за 0,03 п.п. во јули и изнесува 0,94 проценти. Надолната промена во целост се должи на падот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,05 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула се непроменети.

Споредено со јули претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,17 процентни поени. Во јули, каматната стапка на новопримените депозити  на корпоративниот сектор изнесува 0,65 проценти и забележа месечен пад од 0,88 п.п. Месечниот пад се објаснува со пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,80 процентни поени  и 0,72 процентни поени, соодветно), во услови кога банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула.

На годишно ниво, оваа каматна стапка е зголемена за 0,23 процентни поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 11-годишно девојче со продажба на крофни собра пари за лекување на нејзиниот татко и го воодушеви Балканот

Редакција

(Галерија) „Тиквеш“ ги претстави првите четири вина произведени на сопствениот посед во Франција

Редакција

„Сите ќе умреме“: Твитер реакции за загадувањето на воздухот во Скопје

Редакција