Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 септември покажуваат дека за една недела во Македонија се регистрирани 705 нови позитивни случаи на Ковид-19.
“Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.
Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен бројот на смртни случаеви од Ковид-19 во Македонија: За една недела починале 27 пациенти
За една недела 55 лица на возраст до 19 години се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ