Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 август тестирани се вкупно 10.073 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со незначително зголемување од 0,5% во однос на минатата недела (n=10.027).
„Регистрирани сe 3.808 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 20,1% во однос на минатата недела (n=4.764).
Процентот на позитивност се движи од 14,4% до 47,1%, просечно 37,2%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.569; 41,2%).
Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци (465,5/100.000) и Неготино (445,2/100.000)“, стои во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минатата недела од Ковид-19 починале 14 лица, најмногу од Скопје, 9
Фото: МЗ