еМагазин
Image default
Бизнис

Наместо аeродром во Штип ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 општини

Владата  вечерва на седница го утврди текстот на анексот на договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и „ТАВ Македонија“ ДООЕЛ.

„Со анексот на договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид“, соопшти владината прес-служба.

Како што информираа претходно од Владата за 99 проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекабел ја зголемува цената на претплатата за кабелска телевизија

Редакција

Попова Кула со намалена добивка во првото полугодие

Редакција

Поскапе ли рускиот гас во Македонија?

Редакција