еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Наместо „Фестивал на пити и вино“ во Велес – пошумување и опрема за пожарникарите

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска и соопшти на јавноста дека одлучил да предложи пренамена на средствата планирани за годинешниот Фестивал на пити и вино, информираат од Општина Велес.

„По катастрофалниот пожар што го зафати Велес и кој во моментов се шири во други делови на градот и во кој беше уништен растителниот и животинскиот свет сметам дека е време за носење разумни одлуки со голема одговорност и време е за промена на приоритетите.

Одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи фестивалот на велешки пити и вино и средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме пред се кон санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини и обезбедување на професионална лична заштитна према за пожарникарите со цел да бидат поефикасни во гаснењето на пожарите“, рече Коцевски.

Тој очекува одлуката да ја поддржат членовите на Советот на општината како и мнозинството граѓани на Велес.

Коцевски предложи на денот на пошумувањето кој е планирано да се поврзе со Денот на Општина Велес 9 или 10 ноември, да се организира хепенинг на езерото Младост каде ќе пошумуваат и пријатели од повеќе градови и земји.

Во рамките на хепенингот ќе бидат поделени традиционални пити пастрамајлии, а музичари ќе бидат поканети бесплатно да настапат на пошумувањето.

Како што информираше Коцевски, Општина Велес ќе отвори посебна сметка за донации за санирање на последиците од пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За двајца се бара притвор: Петмина осомничени за предизвикување на пожарот кај Велес

(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од пожарот кај Велес

Фото: Фејсбук/Во Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори фестивалот „Охридско лето“

Редакција

(Видео) Влатко Стефановски трио на отворањето на најголемата книжарница „Литература.мк“

Редакција

Доделени осум нови стипендии од енергетските компании за студентите на ФЕИТ

Редакција