Во не така далечна иднина, најдоцна до 2025 година, наместо со паметни телефони, ќе разговараме со помош на очила.
Станува збор за очила со проширена реалност, проектот „Orion“ на Фејсбук и компанијата Luxottica.
Двете компании веќе некое време работат на овој проект, кој би можел целосно да го смени начинот на кој комуницираме и споделуваме содржини.
Се работи за очила-гаџет кои ќе имаат димензии како класичните очила, односно нема да бидат упадливи, а ќе поддржуваат модерни технологии.
Со нив ќе можеме да разговараме, ќе имаат камера за фотографирање и пренос во живо на социјалните медиуми, а на самите очила ќе се прикажуваат содржини, известувања и слично.
Постојат два потенцијални начини на управување на очилата – со гласовен асистент, кој Фејсбук исто така го развива или со посебен прстен кој ќе има сензор на движење и очилата ќе се управуваат со гестови.