еМагазин
Техно

НАСА предупредува дека потенцијално опасен астероид се доближува до Земјата

За четири дена, на 6 јуни, астероид класифициран како „потенцијално опасен“ ќе и се доближи на Земјата, соопшти НАСА.

Како што е наведено во соопштението на Агенцијата, астероидот со дијаметар меѓу 250 и 570 метри, ќе мине крај Земјата на растојание од 5,1 милиони километри со брзина од 11,1 километар во секунда, пренесува Тасс.

Во моментов астрономите имаат откриено повеќе од 8.000 астероиди, со дијаметар над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број на големи астероиди во вселената близу Земјата би можел да достигне 25.000, пресметал Space.com.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордна пред-продажба на Galaxy Note10 смартфоните во Европа која го надмина бројот на продадени Note9 уреди

Редакција

А1 Македонија го усоврши „Славчо” – четбот базиран на вештачка интелегенција

Редакција

Samsung официјално го претстави најбрзиот закривен гејминг монитор во светот: Odyssey G9

Редакција