Наставничка нападнала колешка во Кавадарци, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„На ден 15 јануари 2019 година во Полициската станица – Кавадарци педесет и четиригодишна жена од Кавадарци пријавила дека утрото, околу 08.30 часот, во наставничката канцеларија во училиште во Кавадарци, каде е вработена како наставничка, била физички нападната од нејзина колешка на возраст од 47 години“, вели Додевски.
Тој не открива повеќе детали за инцидентот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.